|
Константин Качев - Сребрен медал на *АРТ ен Капитал* во Париз
“Донесен со ветрот” е насловот на сликата од Константин Качев што беше изложена на овогодинешниот Изложбен Салон “АРТ ен КАПИТАЛ” што се одржа во престижната Гранд Палас во Парис.Салонот е во организација на Сојузот на Француските сликари но учествуваат сликари од целиот свет , место каде што се презентираат новите текови во современото сликарство.Сликата од Качев беше наградена со Сребрен медал што говори за фактот дека после минатогодишниот бронзен медал што го освои Качев на истиот тој Салон,ја потврдува вистината за квалитетот на неговото сликарство,кое е признато во светски рамки.Оваа слика е дел од најновиот циклус слики “Егзодус”на Качев кои ги работи последниве две години.
![]() Манасијески Јордан на Биенале Фиренца
Од 3-11 декември ке се одржи престижното 8 Интернационално Биенале во Фиренца,Италија, каде со свое дело ке учествува и македонскиот уметник Јордан Mанасијески.Повеке инфо на www.florencebiennale.org
![]() Јордан Манасијески изложува во Њу Јорк.
Во состав на Јапанската Асоцијација за Современа уметност на Интернационалниот Салон за уметност АРТ Експо “ПИЕР 94” во Њу Јорк 2011 свое дело изложува и сликарот Јордан Манасијески.Салонот трае од 25-27 Март и е еден од најголемите Салони за уметност што се одржуваат во САД каде се изложуваат дела од Современата уметност .Манасијески го излага делото “Пријатели на светлината” изработено 2010 год.
![]() Манасијески на 33тоАРТЕХ 'Токио,2010
После наградата што ЈЦАА му ја додели на Јордан Манасијески за сликата Mолитва за радоста на Парискиот Салон Големите Мајстори на Утрешнината,Манасијески доби почесно место и на овогодинешниот Интрнационален Салон АРТЕХ –Токио.Артех е Салон со 33 годишна традиција што се одржува во Токио каде што презентираат слики од модерна уметност сликари од целиот свет. Артех Токио се одржа од 24-28 Декември,во Музеј О.Манасијески ја изложуваше сликата Цветови ѕа небесната балерина.
![]() Качев со бронза во Гранд Палас,Парис2010
Makedonskiot slikar Konstantin Ka~ev e dobitnik na bronzeniot medal na ovogodine{niot likoven salon Art en Kapital Paris 2010g. Salonot se odr`a vo presti`niot Grand Palas od 24- 28 Noemvri 2010g., vo organizacija na Sojuzot na francuskite umetnici i ima selektiven karakter.Ova e mnogu zna~aen nastan kako za samiot avtor taka i za makedonskata umetnost voop{to.
![]() Манасијески во ЛУВР
Македонскиот сликар Јордан Манасијески беше еден од учесниците на годинешнава изложба под наслов -Големите звезди на утрешнината- што се одржа од 22-24 Октомври во Музеј Лувр во Париз. Покрај тоа му беше укажана и посебна почит од страна на Јапонската Асоцијација за Модерна Уметност (ЈЦАА) да биде почесен сликар -член во нивната поставка која сочинуваше колекција од 38 сликари.
![]() Јордан Манасиевски на Есенски Салон во Париз 2009
Сликарот Јордан Манасиевски беше македонски сликар кој зеде учество на престижниот есенски салон во Париз 2009,каде што беа преставено најновите токови во модерната конвенционална уметност.Со својата слика тој беше достоен репреѕент на новото движење во современата уметност.Органиѕацијата на неговото преставување беше потпомогнато од Галерија Букефал.
![]() Блажески на “Skulpture by the Sea”- Бонди 2008г
На Сиднејската 12- та по ред изложба *Скулптура покрај Море* од Бонди до крајбрежието на Тамара
од 16 Октомври – 2 Ноември се престави и Македонскиот скулптор Блаже Крстаноски Блажески со својата скулптура “WAVE” (БРАН). На таа изложба учествуваат повеке од 100 скулптори од целиот свет
![]() Kaмберов во ЛУВР
По повод сто годишнината од Есенскиот Салон на уметноста во Париз
отворена е изложба на 57 истакнати уметници во Галерискиот салон во ЛУВР,
помеѓу кои е и нашиот Михаил Камберов.
Камберов е член на Галерија Букефал од 1999г.
*Март 2006г. Камберов е награден со Голем златен медал од Националната федерација за култура на Франција,
*Почесен доктор на Меѓународната Академија за Современа Уметност во Брисел и на Француската Академија во сектор (Уметност, Наука и Литература),
*Декември 2004г. – награден со *Златно платно* за 2002- 2003г.и со *Рубиновата*награда на Франција за уникатен уметнички стил и оригиналност на целокупното негово творештво.
*Тој е *Кавалер* на Меѓународната Академија за Современа Уметност како и *Офицер* придружено со златен медал од Меѓународната Академија за Современа уметност.
![]() Мултимедијален проект
Дом галерија Резонанса во соработка со галерија Букефал го организираа Мултимедијалниот проект Б Е С К О Н Е Ч Н О С Т . На проектот кој што траеше од 09.08 до 17.08 беа преставени скулптури во бронза уникати од нашиот реномиран уметник Блаже КРСТАНОСКИ-БЛАЖЕСКИ и слики од д-р Драган Спасески ОХРИДСКИ,како и промоција на неговата книга.
Скулптурите се со апстракна содржина кои на симболичен начин ја отсликуваат бесконечноста.Тој повеќе од две децении живее и работи во Сиднеј Австралија, а на пошироката јавност и е познат по скулптурата *Танцот на Абориѓините во транс*што годинава беше промовирана во Сиднеј.
Д-р Драган Спасески ОХРИДСКИ се престави со изложба на слики од циклусот „Охридски ангели„ изработени во компјутерска графика проследена со филозофски пораки.Во рамките на проектот беше промовирана и неговата најнова книга „Трите точки„ со хаику поезија.Промотор на книгата беше Христина Николова.
![]() Нова Изложба
Ексклузивна изложба беше отворена на 28.06.2008 во хотел Дончо-Охрид на годишнината на Lions Club International Ohrid..
|

















